Categories
Новости

Заврши младинската размена “United we stand, divided we fall!”

Во период од 14 до 22 јуни 2019 година, во Поронин (Полска) се оддржа младинската размена насловена “United we stand, divided we fall!”. Младинската размена беше организирана од страна на организацијата Stowarzyszenie Ryza од Краков во партнерство со РРОМА (МКД), Nograd Megyei Cigany Kisebbsegi (Унгарија), Kepviselok és Szoszolok Szovetsege (Унгарија) и Gymnázium Andreja Vrábla Levice (Словачка), а поддржана од Еразмус плус програмата.

Проектот го поддржува процесот на развивање на отворено и толерантно општество, ослободено од стегите на дискриминацијата и предрасудите, пред се на расна и верска основа. Младинската размена во рамките на проектот послужи за промоција на основните европски вредности и принципи, каде што група од  40 млади од 4 европски држави реагираат против дискриминацијата, недостатокот на толеранција,  и против расизам и ксенофобија.

Младите имаа можност да ги прошираат своите видици и хоризонти, да стекнат пошироко познавање и перспектива за засегнатите прашања и активно да учестуваат во креирањето на продуктите на младинската размена (музика, филм, публикација и работилници).

 

Соработката со Stowarzyszenie Ryza ќе продолжи и во наредниот период.

Categories
Новости

Заврши младинската размена “By your side”

Од 15 до 23 декември 2018 во Краков и Закопане (Полска) се оддржа младинската размена “By your side” поддржана во рамките на Еразмус плус програмата на Европската Унија.

Организатор на младинската размена беше младинската организација Stowarzyszenie Ryza од Краков. Партнери на размената беа РРОМА од Македонија и Elektrenu kulturos centras од Литванија.

Учесниците работеа на темите толеранција, почит и прифаќањето на различностите. 39 учесници од Македонија, Полска и Литванија учеа за човекови права, интеркултурен дијалог и алатки за борба против феноменот на расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и фашизмот во нашите општества. Продуктот во вид на флеш-моб беше претставен на јавноста во Закопане.

РРОМА учествуваше со 13 учесници, кои што беа претходно селектирани за учество. Лидери на групата беа Надир Усеин и Елвис Кундевски.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинска размена во Полска!

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “By your side”, која што ќе се оддржи од 15 до 23 декември 2018 во Краков, Полска.

Темата на младинската размена е толеранцијата, почитта и прифаќањето на различностите. Учесниците од Македонија, Полска и Литванија ќе учат за човекови права, интеркултурен дијалог, алатки за борба против феноменот на расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и фашизмот во нашите општества.

Проблемот со расизмот, нетолеранцијата, социјалната исклученост доаѓа од незнаење, или поточно од страв предизвикан од недостаток на знаење, поради што веруваме дека оваа младинска размена ќе им помогне на учесниците не само да го прошираат своето знаење, туку да развијат почит и толеранција кон разновидноста во нашите општества.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 21 година (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • подготвителната средба е од 12 до 14 ноември 2018 каде што еден учесник/чка и лидер/ка на група ќе може да учествуваат (трошоците се покриени од организацијата)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 31 октомври 2018 година (среда), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!