Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “By your side”, која што ќе се оддржи од 15 до 23 декември 2018 во Краков, Полска.
Темата на младинската размена е толеранцијата, почитта и прифаќањето на различностите. Учесниците од Македонија, Полска и Литванија ќе учат за човекови права, интеркултурен дијалог, алатки за борба против феноменот на расизмот, ксенофобијата, шовинизмот и фашизмот во нашите општества.
Проблемот со расизмот, нетолеранцијата, социјалната исклученост доаѓа од незнаење, или поточно од страв предизвикан од недостаток на знаење, поради што веруваме дека оваа младинска размена ќе им помогне на учесниците не само да го прошираат своето знаење, туку да развијат почит и толеранција кон разновидноста во нашите општества.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 21 година (можни се исклучоци)
- младински работници, волонтери итн.
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
- подготвителната средба е од 12 до 14 ноември 2018 каде што еден учесник/чка и лидер/ка на група ќе може да учествуваат (трошоците се покриени од организацијата)
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 31 октомври 2018 година (среда), 18:00 часот!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!