РРОМА учествуваше на младинската размена “Know your identity through art”, која што се одржа од 25 до 31 јули 2019 во Решица, Романија.
Учесниците на младинската размена истражуваа за својата култура и идентитет, научија за концептите на зајакнување и активно граѓанство, истовремено учејќи за Ромската култура и наученото го презентираа преку уметност.
Уметноста може да биде алатка за зајакнување и пренесување на пораките за толеранција и почит, но и прифаќањето на различностите. Тоа го докажаа учесниците од Македонија, Естонија, Романија, Германија и Чешка работејќи и живеејќи заедно во Решица, каде што се стекнаа со нови вештини и техники со кои што истовремено научија повеќе за различните култури и идентитети низ Европа, вклучувајќи ја Ромската заедница.
Младинската размена беше поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.