Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ,,ROMA YOUTH BRING CHANGE” ВО УНГАРИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во соработка со Autonomia Foundation од Унгарија и ЕРГО мрежата објавува повик за младинската размена “Roma Youth Bring Change” поддржана од Еразмус+ програмата , која што ќе се одржи  од 08.11.2022 до 12.11.2022  (06 и 10 ноември се денови за патување) во Будимпешта, Унгарија.

РРОМА објавува повик за заинтересирани Роми и не-Роми меѓу 18 и 30 години за учество во друштвена детективска игра и  креирање кампања во заедницата, насочена кон младите. Доколку сте заинтересирани за креирање и фасилитирање на игри, работилници и кампањи насочени кон младите, кои се фокусирани на социјални теми поттикнати од вас, треба да се пријавите на овој повик! Во рамките на оваа иницијатива ќе го поддржиме развојот на знаењата и ставовите на младите за општествени теми со низа разновидни креативни алатки.

Можете да се пријавите, потполнувајќи ја апликацијата.

Што нудиме?

  • 5-дневна бесплатна меѓународна обука помеѓу 6-ти и 10-ти ноември во Будимпешта, Унгарија, која ќе се фокусира на детективски игри и кампањи во заедницата
  • Игри, кампањи и неформални едукативни сесии поврзани со теоретско и практично знаење
  •  Учество во планирање на соработка со разновиден тим
  • Возбудливи средби со целните млади и студенти
  •  Учество во планирањето, креирањето на иновативни активности
  • 10-дневна заедничка работа, при што учесниците ќе добијат бесплатна обука и ќе планираат и спроведуваат социјални игри, кампањи и работилници
  • Можност за долгорочна соработка и работа

Каков профил на учесници бараме?

  • 8 лица Роми и не-Роми помеѓу 18 и 30 години
  • Лица кои имаат искуство во една или повеќе од следниве области:
    – работа со млади
    – фасилитирање групна работа
    – учество во креирање уметнички дела или игри
    – спроведување на неформални образовни активности
  • Лица кои се заинтересирани за општествени теми и кои се отворени за различни личности и мислења
  •  Лица кои се вистински тимски играчи, добро комуницираат, флексибилни, креативни и доверливи.

За предност ќе се смета доколку:
– Имате учествувано во други активности на РРОМА
– Зборувате англиски

Што очекуваме?
– учество на 5-дневна меѓународна обука и 10*6 часовна домашна обука, планирање
игра/кампања, и учествo во реализација на пробна игра/работилница/кампања и нејзино оценување
– учество во реализација на најмалку две игри/работилници

Опис на проектот ,,Roma Youth Bring Change”

Прашањата и темите поврзани со социјалните прашања и ранливите групи не се најпривлечните за младите. Особено ако знаењата, вредностите и поентите поврзани со темите се пренесуваат во рамките на традиционалните образовни форми – фокусирајќи се само на факти и етички точки. Меѓутоа, ако правиме интервенции во разиграни, интерактивни рамки и младите можат да имаат лични средби со членовите на фокусираните ранливи групи, можеме да бидеме поефикасни.
Во оваа иницијатива Фондацијата Autonomia ќе ја пренесе методологијата на игрите за социјални детективи развиена заедно со Detectivity на РРОМА и тие ќе ги споделат методите на нивните кампањи во заедницата. Паралелно со развиените методологии спроведуваме и меѓународна обука, каде што ќе учествуваат 8-8 млади избраници од двата партнера. 5-дневната обука ќе послужи како трансфер на методи за детективски игри и кампањи во заедницата, алатки за олеснување на неформални едукативни настани и играње улоги.

Во двете земји развиените млади луѓе ќе изберат општествена тема и ќе креираат поврзани детективски игри и кампањи во заедницата (вклучувајќи работилници и видео за кампања).  Сесиите проследени со игри и работилниците ќе стигнат до нивните врсници. Ќе создадеме студии на случај за овие интервенции и ЕРГО Мрежата ќе организира меѓународен настан и ќе уреди дигитална верзија на интелектуалните резултати со цел да ги дисеминира методите и резултатите од проектот.
Благодарение на оваа иницијатива ќе се развијат компетенциите на избраните млади луѓе, ќе се стекнат со нови знаења, работни искуства, односи, а засегнатите млади ќе се развиваат и во однос на нивните ставови, мислења и однесување поврзани со фокусираните општествени теми.

Categories
Uncategorized Конкурси

Повик за младинска размена ,,Smart Democracy” во Италија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “SMART DEMOCRACY – The importance of democracy in the digital life” , која што ќе се оддржи  од 22.09.2022 до 29.09.2022  (22 и 29 септември се денови за патување) во руралната област Brindisi di Montagna во областа Basilicata.

 

Преку овој проект се стремиме да ги постигнеме следните цели:

  • Зголемување и промовирање на проактивното учество на младите од руралните и приградските средини;
  • Да се шират вредностите и идентитетите на ЕУ во различни области на ЕУ;
  • Заедно со младите луѓе  да се подигне и развие свеста за тоа што значи демократско учество за младите;

Во проектот ќе бидат споделени информации за тоа како да се имплементира просторот на соединување и учество меѓу младите и носителите на одлуки и ќе бидат имплементирани алатки за промовирање активно учество (не само гласање), туку како да се биде дел од процесот на дискусија и развој на социјални идеи направени од младите заедно со локалните носители на одлуки.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 24 години (можни се исклучоци)
  • Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Задолжителни документи за патување:

  • Валиден пасош (6 месеци пред рокот на истекување)
  • Патничко осигурување
  • Дигитален ковид сертификат добиен по извршена вакцинација со една од вакцините одобрени од ЕМА ( вакцинирани најмалку 14, а најмногу 270 дена пред патувањето во ЕУ)
  • Потврда за оздравување (за оние кои прележале ковид-19 во претходните 180 дена)

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 11 септември 2022 година најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации!

Размената е поддржана од Еразмус+