Categories
Uncategorized Новости

ОДРЖАНА КАМПАЊА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ,,ROMA YOUTH KICKING OFF THE DECADE TO COUNTER ANTIGYPSYISM”

На 4ти и 5ти ноември беше одржана кампањата ,,ROMA YOUTH KICKING OFF THE DECADE TO COUNTER ANTIGYPSYISM” во соработка на РРОМА од Северна Македонија, мрежата ЕРГО од Белгија и ROMEDIA од Унгарија, а е финансирана од Вишеградскиот Фонд.

По завршената обука на Летната академија во Братислава, присутните претставници на РРОМА стекнаа знаење од експерти за темата Антициганизам и за како да креираат своја кампања.

За поголема видливост кампањата беше одржана на две локации: Прилеп и Кратово. На кампањата највеќе присуствуваа млади луѓе, но и повозрсни луѓе кои за прв пат се сретнаа со појавата Антициганизам. Целта на кампањата беше да се информираат луѓето што е антициганизам, од каде доаѓа и да научат да го познаат како форма на расизам, која е сѐ присутна од минатото па сѐ до денес. Исто така кампањата беше проследена со дискусија за тоа како можеме да делуваме за да се спречи оваа појава.

Categories
Uncategorized Новости

Се одржа првиот состанок во рамките на проектот ” Roma youth kicking off the decade to counter antigypsyism”

На 15 и 16 јуни 2022 во Брисел се одржа првиот состанок во рамките на проектот ” Roma youth kicking off the decade to counter antigypsyism” поддржан од Вишеградскиот Фонд и  Европската Унија.

На состанокот беа присутни учесниците/партнерите од ЕРГО и координаторите од партнерските организации: Интегра – Бугарија, Нево Парудимос – Романија, Рома Актив Албанија – Албанија, Регионална ромска едукативна младинска асоцијација – Северна Македонија, РоманоНет – Чешка, Фондација Ромедиа – Унгарија, Центар за застапување и истражување на Ромите – Словачка, Отахарин – Босна и Херцеговина.


На почетниот состанок  се разговараше за консолидирање на работниот тек, како и процедурите за управување со проекти, поминување низ одговорности, задачи, рокови, разјаснување на нерешени прашања, распоред за следење и поставување динамика на работа и спроведување на проектните активности.