Од 20 до 22 октомври 2019, членките на ЕРГО имаа свој состанок во Скопје за да ги споделат тековните новости, креираат нови приоритети и учат едни од други. Домаќин на средбата беше РРОМА од Кратово.
Останати организации кои учествуваа на средбата беа:
• Roma Active Albania • Nevo Parudimos, Romania
• Romano Centro, Austria • Asociația Cris, Romania
• OTAHARIN, Bosnia-Herzegovina • FAGIC, Spain
• Slovo 21, Czech Republic • Roma Forum Serbia
• Life Together, Czech Republic • Zero Discrimination Association, Turkey
• La Voix des Rroms, France • National Federation of Gypsy Liaison Groups, UK
• Autonómia Foundation, Hungary • Kaskosan, UK
• Voice of Roma, Ashkali and Egyptians, Kosovo • 24Vakti, North Macedonia
• Vilnius Roma Community Centre, Lithuania • Romalitico, North Macedonia
• ZMOCP, North Macedonia • Advancing Together, Kosovo
• Young Roma, Montenegro • RomanoNet, Czech Republic
• Policy Centre for Roma and Minorities, Romania
Целите на средбата беа:
- да се споделат искуства од основното ниво помеѓу членките на мрежата за да се научи од предизвиците и успесите
- да се развијат нови идеи за нови кампањи на ЕРГО.
- да се работи во тематски области (вработување, собирање на податоци и структура)
- да се реструктруира ЕРГО мрежата и структурите на водење.
Исто така, на средбата се зборуваше за Пост 2020 Европските рамки и вклучувањето на Ромите во истите. ЕРГО на средбата ги презентираше најновите информации директно од Брисел. Оставајќи простор за размена помеѓу членките и организирање за национално застапување. Покрај, останатите теми на разговор учесниците на средбата имаа можност да бидат дел од две работилници за надоградување на своите капацитети, од кои едната за графичка фасилитација и визуелни презентации, а другата за он-лајн собирање на средства преку водење на он-лајн кампања.
Покрај, просторот за меѓусебно информирање, членките на ЕРГО мрежата ја посетија општината Шуто Оризари каде што имаа средба со градоначлникот Курто Дудуш, зборувајќи за состојбите на локално ниво.
Средбата заврши со заедничко дружење во еден локален ресторант во Скопје.