Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “” Street art in Hungary”, која ќе се одржи од 25 Октомври до 3 Ноември 2021 година, во близина на Будимпешта, Унгарија.
На младинската размена ќе учествуваат 38 лица од 4 земји (Романија, Северна Македонија, Унгарија, Полска) и ќе трае 11 дена. Младинската размена ќе ги опфати темите за социјален активизам, вклучување на урбаните млади во активно учество, активно граѓанство, улична уметност како средства за трансформирање на социјалните прашања.
Младите ќе ја имаат можноста на ѕидови од после училишни згради како и ѕидови озвозможени за прскајне со спреј од локалната власт, да ја покажат својата уметност. Уметничките дела ќе бидат создадени и испланирани од младите, преку процес на кој му претходи серија работилници насочени кон саморазвој, самоспознавање, активно граѓанство, активизам и технички подготовки. Уметничките дела ќе бидат центрирани околу проблемите на локалното општество како што гледаат младите.
Младинската размена има за цел да придонесе за способноста на учесниците поефикасно да ја препознаат и да се борат против дискриминацијата и да ги изразат своите мисли и идеи на креативен начин, наместо да бидат пасивни или агресивни. Проектот има намера да истакне елементи на активен граѓанин во локален контекст, особено фокусирајќи се на обесправените и маргинализираните заедници.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (лидерот може да биде над 25 години)
- лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
- Вакцинирани
Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 10 Октомври 2021 година (недела), најдоцна до 18:00 часот!