Categories
Uncategorized Новости

Работилница на темата Environmental Justice во Брисел

На 16 јуни 2022 во Брисел дел од ЕРГО мрежата меѓу кои и РРОМА, учествуаа на првата ,,Работилница за вмрежување и градење на капацитети за ромска еколошка правда” – за граѓанското општество организирана во соработка со Европското биро за животна средина.

Дел од работилницата се фокусира на истакнување на врската помеѓу антициганизмот и животната средина, како и Граѓанскиот мониторинг на Ромите и националните стратегии за Ромите, и важноста на еколошката правда во рамките на националните стратегии.

Помеѓу останатите презентации за еколошка (не)правда (Environmental (In)justice), еколошки расизам,итн…Мустафа Јакупов исто така одржа презентација за антициганизам  и потешкотиите кои постојат околу овој концепт.