Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” ВО БЕРЛИН, ГЕРМАНИЈА

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY” кој што ќе се одржи  од 9 до 16 декември 2022 година (9ти и 16ти декември се денови за патување) во Берлин, Германија.

8-дневниот семинар организиран од Амаро Дром ќе опфати 30 ромски и неромски млади и младински активисти од 7 европски земји (Германија, Северна Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Србија и Италија).

Семинарот има за цел:

  • Да развие сеопфатен пристап за прашањето за сеќавање на геноцидот и едукација на маргинализираните младите,
  • Нивно ефективно вклучување и учество во локални, национални и меѓународни програми, за зајакнување на соработката и односите меѓу ромските и неромските млади и младински организации.
  • Зајакнување на концептуалното разбирање за меѓукултурен дијалог, младинско вклучување, еманципација, мобилизација и активно граѓанство.
  • Воспоставување систем за поддршка за зајакнување на капацитетите на младите Роми и развој на нови проекти во рамките на новата програма Еразмус плус.

Овој проект промовира позитивна слика за Ромите како активни граѓани и е посветен на зајакнување на довербата, меѓусебното почитување и заеднички ангажман на младите Роми и не-Роми. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци на темите Човекови права, Ромскиот геноцид и антициганизмот, туку зголемената свест кај младите Роми и не-Роми може да ја зајакне свеста на учесниците за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и во Европа воопшто.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 28 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните организации
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.

Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 23 декември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!

Пакет со информации.

Categories
Конкурси Новости

Повик за волонтери/ки за проектот “Solidarity volunteers for the city”

РРОМА бара нови волонтери/ки за проектот “Solidarity volunteers for the city” за краткорочна волонтерска активност што трае 45 дена!!!

 

За што е проектот?

Ова е краткорочна волонтерска активност што трае 45 дена. Целите на проектот се: да се промовира волонтирање како метод за развој на толеранција и разбирање помеѓу ромската и не-ромската заедница од Решица во Романија; како и да се реновираат детски градинки и игралишта во градот. Ќе има 3 групи на волонтери кои ќе спроведат активности во истиот период за:

А1 – промоција;
А2 – уметност;
А3 – едукативни активности.

Кој е периодот?

01 август – 15 септември 2020 година.

Во моментов сме позитивни во врска со иднината, бидејќи ограничувања се тргат и се враќа стариот начин на функционирање. Сепак, ние сме свесни за опасноста и ќе направиме понатамошни промени веднаш, доколку ситуацијата го наметне истото.

Колку волонтери ќе бидат вклучени?

Во целина проектот има за цел да вклучи 40 волонтери: 27 меѓународни и 13 локални млади. Така што, оптимално би испратиле 3 волонтери/ки од кај нас 🙂

Трошоци?

Сите трошоци поврзани со вашиот ангажман како волонтери/ки во рамките на проектот се покриени од страна на организаторите.

Како да се пријавите?

Доколку, сте заинтересирани за ново искуство од 45 дена, пишете ни на info@rromassn.org ставајќи “Solidarity 2020” како предмет на вашиот емаил и образложувајќи ја вашата мотивација за учество, најдоцна до 10ти јуни 2020 година.

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Заврши младинската размена во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!”

Во периодот од 31.08 до 05.09 во Кратово (Хотел Кратис) се оддржа младинската размена во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

Учествуваа млади од Македонија, Романија, Германија, Турција, Унгарија, Србија, Грција, Албанија, Италија, Португалија, Австрија итн. Учесниците на младинската размена имаат можност да го надоградуваат своето знаење за историјата на Ромите, сеќавањето на Ромскиот геноцид и во областа на борбата против антициганизамот преку работа со едукативни материјали од документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, како и посета на Меморијалниот центар на Евреите посветен на жртвите од Втората светска војна.

Младинската размена е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.

Повеќе информации за младинската размена и проектот може да се најдат на страницата: https://www.facebook.com/righttoremember/ и албумот .

 

Categories
Конкурси Новости

Повик за учество на младинска размена во рамките на проектот „Европско сеќавање и солидарност – нашето право на сеќавање“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници за младинската размена која што се организира во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија. Младинската размена се оддржува од 31.08 до 05.09 во Кратово (Хотел Кратис).

Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење во областа на борбата против антициганизамот и сеќавање на Ромскиот геноцид преку работа со едукативни материјали од документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, како и посета на Меморијалниот центар на Евреите посветен на жртвите од Втората светска војна.

Младинската размена е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

 

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30години (можни се исклучоци)
  • средношколци/ки, младински работници/чки, волонтери/ки, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 28 август 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

 

Categories
Новости

Заврши семинарот во рамките на проектот „Европска солидарност и сеќавање – нашето право на сеќавање“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со партнер-организацијата Амаро Форо од Германија од 29 март до 02 април 2019 година во Берлин го организираше интернационалниот семинар за едукација на тема Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија.

Учесниците на семинарот имаа можност да го надоградуваат своето знаење во областа преку работа со едукативни материјали во документациониот и културен центар на германските Синти и Роми и посета на спомениците подигнати за сеќавање на различните жртви на национал-социјализмот за време на Втората светска војна.

  

Исто така, беше организирана едукативна посета на концентрациониот логор Саксенхаузен каде што учесниците имаа можност да слушнат за третманот на Синтите и Ромите во логорот и да учестуваат во едукативна работилница организирана во просториите на центарот.

 

Последниот ден беше посветен на рефлексија и подготовка на следните активности, вклучувајќи ги едукативните материјали во рамките на проектот. По завршувањето на средбата, претставникот на РРОМА замина за Брисел каде што присуствуваше во рамките на конференцијата организирана од страна на програмата која што го поддржува проектот.

Categories
Новости

Подготвителна средба во рамките на проектот „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“

Од 3 до 5 ноември 2018 година до хотел Кратис – Кратово, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација го организираше подготвителниот состанок во рамките на новиот проект „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“ поддржан од Europe for Citizens програмата на Европската Унија.

Овој проект има за цел да го подигне знаењето и свеста за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна концентрирајќи се на настаните што се случиле на Балканот, на територијата на Унгарија и Транснистрија пред, за време и по Втората светска војна, со цел да се зачува сеќавањето на Ромите – жртви на нацистите.

Фундаменталните европски вредности се изградени врз историското искуство на сеќавање и солидарност и за тоа треба да зборуваме за заборавениот Ромски геноцид, за над 500.000 жртви и продолжувањето на социјалната исклученост, антициганизам и говорот на омраза како последица на незнаењето и недостатокот на информации и признавање на Ромскиот геноцид.

Овој проект гради капацитети на едукатори, граѓани и граѓански организации за да водат едукативни и граѓански иницијативи за сеќавање и едукација на локално, национално и европско ниво. Исто така, ги открива слабо истражуваните области на Холокаустот над Ромите на пошироката јавност, стимулира дебати за нашата култура на сеќавање за и со Ромските заедница, со фокус на улогата на младите луѓе сега и во иднина за зачувување на нашето европско сеќавање.