Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација претходната недела ( 26-27 јануари) учествуваше на дводневната обука за секретаријатот на НМСМ и претставници на организации, со цел претставување на стратегијата и нејзините алатки за комуникација. Обуката беше спроведена од Проф. д-р. Јасна Бачовска Недиќ.
Покрај претставувањето на документот беа презентирани различни стратегии за комуницирање во граѓанскиот сектор како и алатки кои би придонеле за подобрување на внатрешната и надворешната комуникација во организациите.