Categories
Конкурси

Повик за Младинска Размена “Stronger together”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Stronger together” , која што ќе се оддржи  од 02 до 10 август во Бребу, Романија.

Целта на оваа младинска размена е на 48 учесници од Северна Македонија, Романија, Германија, Шпанија, Турција и Бугарија да:

  • научат како да  се зголемат капацитетие на лицата со посебни потреби, лицата со посебни потреби да создадат нешто ново, да живеат самостојно;
  • да се подигне свеста на не-инвалидните лица за лицата со попреченост и да научат како да покажат емпатија кон лицата со попреченост;
  • да се подобрат комуникациските вештини едни меѓу друи.
  • да научат како да ги прилагодат театарските вештини во нивниот живот.

Во текот на 8 работни дена, работните методи ќе се базираат на неформално образование, како што се: креативни драмски техники, симулациони игри, градење тим, разни работилници како што се танц, музика, правење кукли итн., Интеракција со локалното население, интеркултурни ноќи, културни активности и рефлексии.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Младите луѓе на возраст меѓу 16-24 години
  • – со некои основни потешкотии во учењето како што се дислексија, диспраксија, АДХД
  • – не инвалидни млади
  • Студенти, Средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоци поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:

  • Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
  • Сместување
  • Храна
  • Предвидени активности за време на младинската размена

Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на Младинската размена.

Обврска на учесниците:

  • Валиден пасош
  • Патничко осигурување
  • Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до  28 јули 2021 година (среда), најдоцна до 18:00 часот!

Пред заминување за Романија со селектираните учесници ќе се одржи средба на онлајн ЗООМ платформата.