РРОМА заедно со коалицијата Khetane, на ден 21.12.2020 година (понеделник), со почеток од 17.00 часот, беше одржана онлајн панел дискусија (Кафе муабет) на zoom платформата, во рамки на проектот: Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција, организираше панел дискусија на тема „Кои се предизвиците на жените Ромки за време на пандемијата“.
Настанот се организираше во рамките на проектот „Romani women – Power of change in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија. РРОМА го имплементира проектот во Република Северна Македонија како партнер на Рома Актив Албанија.
Коалицијата „Khetane“ покани говорнички со различни профили и професионално искуство кои што низ муабет дадеа одговор на предизвиците со кои што се соочуваат. Гостинки на настанот беа: Салија Бекир; Санела Емин; Елма Демировска; Амиде Шаќири; Ајсел Мемет. Настанот беше модериран од Фатма Бајрам Аземовска,и одеше во живо на Facebook страната на коалицијата Khetane.
Настанот “Предизвиците на жените Ромки за време на пандемија“ се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа и како тие функционираат во време на Пандемија.
Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени.