Categories
Конкурси Новости

Повик за аплицирање за наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција 2021 година – „Извонредни луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување“

Повикот за аплицирање за новата награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен. Наградата на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи кои постигнаа извонреден придонес кон одржливо вработување на Ромите, како механизам за прекинување на кругот на исклучување.

Наградата ја доделува Европската комисија и е финансирана од IPA-фондовите, а ја имплементира Roma Active Albania (RAA).

Наградата треба да привлече внимание кон конкретните напори и позитивни резултати на различните релевантни странки за зголемување на пристапот до вработување, како и квалитетот на вработувањето на Ромите. Половата еднаквост и еманципацијата на жените Ромки во областа на вработувањето ќе биде важна димензија.

Поконкретно, наградата е наменета да помогне за следните цели:

  1. Дополнително прифаќање на улогата и придонесот на вработувањето Роми како една од клучните области за подобрување на позицијата на ранливата категорија на жените Ромки и Ромите во регионот.
  2. Промовирање на успешните модели на вработување на Роми и позитивните промени во нивните заедници.
  3. Негување на институционалниот дијалог при вработувањето на Ромите.
  4. Истакнување на поддршката и работата на Европската Унија за интеграција на Ромите во државите за проширување.
  5. Негување на соработката помеѓу засегнатите страни во процесот на интеграција на Ромите.
  6. Осигурување на прифаќање и одржливост на влијателните активности имплементирани на најосновното ниво на општествена солидарност.
  7. Идентификување и споделување позитивни примери за работа на поединци, јавни институции, приватни друштва, деловни субјекти и граѓански здруженија на централно и локално ниво во полето на вработувањето.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.

Ќе има двајца наградени како корисници на IPA што промовираат вкупно 14 значајни искуства.

Сите наградени ќе добијат меѓународно признание преку церемонијата за доделување на наградата која, доколку дозволат условите, ќе се одржи во Брисел. Сите наградени ќе бидат поканети да присуствуваат на другите настани организирани таму за време на Ромската недела во 2021 година. Покрај тоа, сите наградени ќе земат учество во студиската посета на Мадрид на тема „Пристап до вработување на Ромите“.

Поединци и наградени од граѓанското општество, дополнително може да добијат финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на вработувањето на Ромите. Во овој случај, износот на наградата е ист како што беше применет во наградата за Роми во 2019 година, односно 7 500 евра. Износот е утврден на таков начин да биде доволно голем за да привлече внимание и да се овозможи понатамошна работа во целната област.

Детални информации за повикот можат да се добијат на:

Форма за апликација

Форма за номинација

Јазикот што се користи за апликации и номинации е англискиот јазик. Придружните документи може да бидат на различни јазици, меѓутоа се претпочитаат англиски верзии.

Рокови

Краен рок за доставување на апликациите и номинациите заедно со останатите релевантни документи е 25 мај 2021 година, до 23:59 часот според локално време.

Поднесување

Поднесувањето на апликации (самономинации) ќе се врши преку електронска пошта на адресата: application_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да ги содржи иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Поднесувањето на номинации ќе се врши преку електронска пошта на адресата: nomination_eu_award_2021@raa.al.

Насловот на електронската порака мора да содржи кратенка на називот на номинаторот, иницијалите на апликантот и државата на потекло.

Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и по пошта на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана, Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок нема да бидат предадени на евалуација.

Информативни средби поврзани со учество на повикот за аплицирање ќе следат наскоро во земјите од Западен Балкан и Турција.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинска размена во Бурса, Турција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Donated Me”, која што ќе се оддржи од 30 јули до 5 август 2019 во Бурса, Турција.

Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да добијат информации од област на медицината, односно донацијата на органи и трансплантација, ќе истражуваат за општествените состојби низ Европа поврзани со темата, ќе разменуваат информации со учесници од Полска, Турција, Романија, Словачка и Шпанија. Исто така, оваа младинска размена ќе нуди простор за меѓусебно учење за различните култури на учесниците кои што се дел од проектот.

Детални информации поврзани со младинската размена можат да се најдат на линкот.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 20 до 30 година (можни се исклучоци)
  • млади лидери/ки, младински работници, волонтери, студенти заинтересирани на темата
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 27 јуни 2019 година (четврток), до крајот на денот (23:59 часот)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинска размена во Турција

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Fast food can be last food”, која што ќе се оддржи од 7 до 14 ноември 2018 во Маниса, Турција.

Целта на младинската размена е младите од 7 европски земји (Македонија, Турција, Чешка, Унгарија, Латвија, Полска, Словачка) да работат на препознавање на важноста на здравата исхрана во 21-иот век и како брзата храна влијае врз секојдневието на младиот човек, како да се намали конзумирањето на брзата храна.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 септември 2018 година (четврток), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!