На 15 и 16 јуни 2022 во Брисел се одржа првиот состанок во рамките на проектот ” Roma youth kicking off the decade to counter antigypsyism” поддржан од Вишеградскиот Фонд и Европската Унија.
На состанокот беа присутни учесниците/партнерите од ЕРГО и координаторите од партнерските организации: Интегра – Бугарија, Нево Парудимос – Романија, Рома Актив Албанија – Албанија, Регионална ромска едукативна младинска асоцијација – Северна Македонија, РоманоНет – Чешка, Фондација Ромедиа – Унгарија, Центар за застапување и истражување на Ромите – Словачка, Отахарин – Босна и Херцеговина.
На почетниот состанок се разговараше за консолидирање на работниот тек, како и процедурите за управување со проекти, поминување низ одговорности, задачи, рокови, разјаснување на нерешени прашања, распоред за следење и поставување динамика на работа и спроведување на проектните активности.