На 4ти и 5ти ноември беше одржана кампањата ,,ROMA YOUTH KICKING OFF THE DECADE TO COUNTER ANTIGYPSYISM” во соработка на РРОМА од Северна Македонија, мрежата ЕРГО од Белгија и ROMEDIA од Унгарија, а е финансирана од Вишеградскиот Фонд.
По завршената обука на Летната академија во Братислава, присутните претставници на РРОМА стекнаа знаење од експерти за темата Антициганизам и за како да креираат своја кампања.
За поголема видливост кампањата беше одржана на две локации: Прилеп и Кратово. На кампањата највеќе присуствуваа млади луѓе, но и повозрсни луѓе кои за прв пат се сретнаа со појавата Антициганизам. Целта на кампањата беше да се информираат луѓето што е антициганизам, од каде доаѓа и да научат да го познаат како форма на расизам, која е сѐ присутна од минатото па сѐ до денес. Исто така кампањата беше проследена со дискусија за тоа како можеме да делуваме за да се спречи оваа појава.