Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”, која што ќе се оддржи  од 24 јули до 3 август 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на активен граѓанин и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат на локално ниво.

Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

РРОМА има нов младински волонтер!

Во периодот што следи со РРОМА ќе работи новиот младински волонтер Надир Усеин. Надир ќе работи заедно со нас на исполнување на нашата мисија, а пред се на тоа младите да бидат млади и да уживаат во можностите кои што им ги нуди РРОМА!
Во прилог следи кратко претставување од страна на Надир 🙂
„Здраво на сите! Јас сум Надир Усеин и имам 18 години. Живеам во Скопје, општина Шуто Оризари. Студент сум на катедрата за “Меѓународни односи и интеркултурни студии“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј на Филозофскиот факултет. Отсекогаш сум посакувал да направам промена во моето општество, токму таа желба ме мотивирала да го направам првиот чекор кон подобра иднина. А каде, ако не во граѓанскиот сектор. Се сеќавам на 2014 година и моето прво учество. Таа година за првпат сум застанал пред 300 луѓе, промовирајќи ја сопствената култура. Тоа чувство беше непознато, но многу убаво. Таа година светна искрата во мене  Во НВО „Амбрела“ се разбуди свеста кај мене да бидам активен во општеството. Таму започна и не престана, туку продолжила да расте се повеќе од ден во ден, во многу невладини организации, како во Романо Авази, Црвен Крст, РРОМА. Тоа што го правам ме исполнува со животна радост, внатрешна рамнотежа, мир и спокојство во душата.
Сега пред мене е предизвикот да бидам младинскиот волонтер во РРОМА, да работам и растам во една динамична средина, полна со можности за лично надоградување и можности да им помагам на своите врсници. Верувам дека можам да бидам позитивен пример за многу млади. Многу е убаво чувството кога можеш да помогнеш утрото да биде поубаво и подобро. Им препорачувам на сите млади да бидат активни и најискрено ги охрабрувам да учествуваат во процесот кон подобра иднина и општество еднакво за сите. Како што вели слоганот на РРОМА: Не гледај од страна, учествувај!“