Categories
Новости

Се организираше второто издание на настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици”

По  повод 8 Март- меѓународниот ден на жената, коалицијата на ромски невладини организации “Khetane“ го организираше второто издание на настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици” во ЕУ куќата. Настанот е продолжение од минатогодишниот настан во рамки на проектот насловен „Romani Women POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ (IPA/2019/162472-1/3) поддржан од ЕУ.

На овој двочасовен настан свое обраќање имаа сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и ЕУ амбасадорот и шеф на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, г-дин Дејвид Гир.

Во своите обраќања, ја истакнаа својата поддршка за создавање на поволна средина и зголемување на свеста кај општата популација, за да се надминат бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки. За придонесот и поддршката за унапредување на правата на жените и девојчињата Ромки, коалицијата Khetane им врачи благодарници на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија и ЕУ амбасадорот.

  Коалицијата “Khetane” покани говорнички од ромската заедница со различни профили и професионално искуство, жени кои први го имаат отпочнато ромскиот женски активизам во земјава, жени што работат на економско зајакнување на ромската заедница и почитување на човековите права. Панелистките кои што ги споделија своето искуство со публиката беа: Г-ѓа Дилбера Камберовска од организацијата „ДАЈА“ од Куманово; Г-ѓа Кјмет Амет од РАЖМ „ЛУЛУДИ“ од Скопје; Г-ѓа Сузан Амет од организацијата „МИР“ од Скопје и Г-ѓа Енисе Демирова од здружението „Черења“ од Штип. Препознавајќи ги нивните заложби, искуство и придонеси за унапредување на правата на жените и девојчињата Ромки, коалицијата Khetane им додели благодарници за нивниот ангажман.

Настанот “Ромската жена во 21иот век – можности, придонеси и предизвици” се организираше со цел да ги зајакне и охрабри ромските жени во Северна Македонија, давајќи видливост и важност на нивните улоги и придонеси во македонското општество. Преку споделувањето на нивните лични искуства и приказни, јавноста имаше увид во нивните достигнувања како жени со различни профили на работа.

Исто така, се даде акцент на важноста на еднаквите економски, правни и репродуктивни права на ромските жени, како и важноста на концептот на родовата еднаквост и учеството на ромските жени во процесот на интеграција на ромската заедница, носењето на одлуки и креирањето оддржливи политики за Ромите во Северна Македонија, како идна членка на ЕУ.

Поради запазување на протоколите од КОВИД-19, панел дискусијата се пренесуваше во живо на фејсбук страниците на коалицијата.

Categories
Новости

Рокот истекува на 15-ти февруари! Пријавете ја својата хероина, сега!

Рокот за пријавување на овогодинешната награда за Ромска интеграција истекува наскоро. ЕУ награда за Ромска интеграција 2019 има за цел да ги препознае и охрабри напорите на жените-Ромки кои што доаѓаат од основното ниво, односно локалните Ромски заедници. Наградата е финансиски поддржана од Европската Унија, а имплементирана од Roma Active Albania.

За потребите на промоција и видливост беа организирани и сеуште се во тек информативни средби со цел да се запознаат заинтересираните кандидатки со процесите на аплицирање и номинирање. Првичните информативни средби беа организирани од страна на РРОМА во соработка со членките на коалицијата “Khetane” и се оддржаа во Шуто Оризари, Топаана, Штип, Центар и Куманово.

За помош и детални информации поврзани наградата можете да се обратете кај организациите-членки на коалицијата “Khetane” или да ја посетите ФБ страната:

https://www.facebook.com/EuAwardforRomaIntegration/

   

  

На изборот може да се пријават жени-Ромки од западен Балкан и Турција, по пат на директно аплицирање или номинација. Ќе се доделуваат вкупно 14 награди, односно по 2 во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Косово и Турција.

Фондот за награди изнесува:

  • 7500 евра за прво место
  • 4500 евра за втора место
  • патување и 3-дневна студиска посета на европските институции во Брисел
  • доделување на наградата во Брисел за време на Ромската недела 18-21 март 2019 година

Аплицирањето се врши исклучиво на англиски јазик!

Краениот рок за аплицирање е 15 февруари 2019 година, 23:59 часот со испраќање на:

За апликации на Application_EU_Award_2019@raa.al со предмет: иницијалите на апликантката и земјата на потеклото.

За номинации на Nomination_EU_Award_2019@raa.al со предмет: акроним на номинаторот, иницијалите на номинираната личност и земјата на потеклото.

Апликациите и номинациите можат да се испратат во предвидениот рок и по редовна пошта, заедно со документацијата за поддршка на адресата:

Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Tirana, Albania

Деталните информации можат да се проверат на дадените линкови подолу:

Правила на наградата

Формулари за симнување:

Формулар за апликација

Формулар за номинација

Изјава на чест