Categories
Новости

Заврши проектот “Be professional in audio-visual”

Организацијата PRO ROMA беше домаќин на проектот “Be professional in the audiovisual field” (2017-3-RO01-KA105-047070) кој што се реализираше од 01.02.2018 – 31.07.2018, заедно со 5 други интернационални партнери: Juvenil Intercambia Association (Шпанија), Associazione Social Promotion Futuro Digitale (Италија), Citizens of the World (Турција), Bulgarian Active Society (Бугарија), Regionalna Romska Obrazovna Mladinska Asocijacija (Македонија).

Главната цел на проектот беше да ги зајакне капацитетите на 60 млади луѓе во областа на медиумите.

Целната група беа млади со помалку можности, млади Роми од рурални средини, маргинализирани соседства, кои што заедно работеа на креирање на филм и вести кои што имаа за цел да го адресираат проблемот на дискриминација и промовираат добри практики во адресирање на проблемот.

Обуката се оддржа од 02.06 до 09.06.2018, каде што организацијата-домаќин заедно со 5-те партнер организации работеа со 60 млади од 6 европски држави. Место на оддржување беше младинскиот камп Марабу во Милковени, а присутни беа млади помеѓу 18 и 25 години, придружувани од лидери.

Целите на обуката беа: 

  • да се развијат и подобрат аудио-визуелните вештини на 60 млади луѓе од 6 европски земји;
  • да поттикнат 60 млади луѓе да научат како да креираат ТВ, радио и кратки ТВ-емисии;
  • да промовира толеранција, разбирање и прифаќање;
  • подигнување на нивото на знаење на младите за реалноста со која се соочуваат Ромите;
  • да се подигне самодовербата на 60 млади луѓе;
  • развивање на креативноста кај 60 млади луѓе за креирање кратки филмови.

Постигнати цели:

  • развој на креативност;
  • подобрена комуникација;
  • подобрено интеркултурно разбирање;
  • подигната самодоверба;
  • идеи за понатамошна соработка во наредни проекти.

Проектот беше поддржан од Еразмус плус програмата, Акција КА1.

Оригиналната  вест можете да ја прочитате на линкот.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинскиот проект “Khetane! Заедно! Zusammen!” поддржан од Фондацијата EVZ.

Овој младински проект има за цел да ги зближи младите Роми и не-Роми кои што живеат во Македонија и Германија преку употребата на неформални алатки за учење на историјата на Ромите за време на Втората светска војна и нивното страдање. Младите учесници ќе имаат можност да научат повеќе за овој мрачен дел од историјата на Ромите и да ги разбираат механизмите и условите кои што доведоа до геноцидот на Ромите. Исто така, ќе имаат можност да креираат свои продукти и визии кон крајот на проектот кои што ќе бидат достапни на пошироката јавност.

Проектот се состои од две младински размени практична работа помеѓу размените. Младите учесници ќе добијат можност и да го посетат споменикот во Берлин, подигнат во чест на убиените Роми и Синти за време на Втората светска војна.

Првата младинска размена ќе се оддржи во Македонија од 26.10 до 01.11.2018.

Втората младинска размена ќе се оддржи во Германија во средина на март 2019 година.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со проектот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 15 октомври 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Младите од Македонија учествуваа на Dik He Na bister 2018

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово во соработка со МИР од Скопје учествуваше со претставници од Македонија на настанот за оддбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна. Настанот се оддржа од 29 јули до 4 август во Краков, Полска.

Настанот се организира од 2010 година од страна на интернационалната Ромска младинска мрежа ternYpe (http://ternype.eu/) како иницијатива за сеќавање на Ромскиот геноцид, односно 2 август (http://2august.eu/). Низ годините, настанот успеа да прерасне во традиционално младинско одбележување и сеќавање на Ромскиот геноцид, каде што секоја година млади од 20 земји во просек учестуваат во работилници и едукативни настани во Краков и посети на музејот Аушвиц и комеморацијата во Аушвиц-Биркенау.

Едукативната програма за 2018 година се состоеше од 10 работни групи под водство на 2 фасилитатори. Учесниците во работните групи имаа можност да се запознаат и дознаат повеќе за ужасите од страна на нацистите, геноцидот, антициганизмот во модерното време, како и важните датуми 2 август 1944 и 16 мај 1944, но и како да се сеќаваме на 2 август и да превземеме акција во борбата против расизмот.

Еден ден беше посветен за посета на музејот Аушвиц и Аушвиц-Биркенау каде што учесниците низ 8-часовна едукативна тура добија информации за концентрациониот логор и ја посетија изложбата посветена на Ромите во барака бр.13. Исто така, го посетија Аушвиц-Биркенау, односно имаа можност да го видат т.н. Камп на циганските фамилии и да ги посетат остатоците од крематориумот бр.5 каде што ноќта помеѓу 2 и 3 август 1944 година, 2897 Ромски жени, деца и стари лица беа погубени.

На 2 август 2018, учесниците беа дел од комеморацијата на Ромскиот геноцид. Оваа година имаше над 270 млади Роми и не-Роми од околу 23 европски земји. На последниот ден беа презентирани резултатите од работните групи од страна на учесниците. За повеќе информации поврзани со настанот, можете да ја посетите ФБ страната: https://www.facebook.com/DikhHeNaBister/

Categories
Новости

Младинската размена “Come to know us” е во полн ек …

Асоцијацијата Нево Парудимос од Решица, Романија заедно со 4 партнери од Грција, Италија, Македонија и Литванија, го имплементираат проектот финансиран од програмата Еразмус +.

Дополнителните информации за организациите се дадени подолу:

Nevo Parudimos – Романија (www.nevoparudimos.ro)
Youthphoria – Грција (https://sites.google.com/view/youthphoriagreece)
RROMA – Македонија (http://www.rromassn.org)
IFOA – Италија (www.ifoa.it)
Romu Integracijos namai – Литванија (http://www.romunamai.lt)

Проектот “Come to know us” се реализира помеѓу 1-12 јули 2018 година и собира 50 млади од 5 европски земји. Младите учесници во овој проект се на возраст помеѓу 16 и 25 години и  заедно ќе поминат 12 дена во Романија. Првиот дел од оваа младинска размена ќе се реализира во младинскиот камп Марабу во Милковени, Берлиште и последните 6 дена учесниците ќе престојуваат во Решица.

    

“Come to know us” е младинска размена во која што учествуваат 50 млади Роми и не-Роми од 5 европски земји кои кон крајот на размената ќе создадат разни активности во градот Решица, со цел да ги вклучуваат младите луѓе од заедницата и на локалното население им ја прикаже вистинската слика за луѓето кои што живеат во Моцијар.

Целта на размената, учесниците заеднички со локалните млади да се борат против предрасудите и стереотипите кои што локалното население на Решица ги има кон граѓаните на гетото Моцијар користејќи визуелни уметности.

Целите на овој проект се:

  • Креирање на безбеден простор за изразување на 50 млади учесници, каде што ќе можат да се изразат и да ги споделат сопствените искуства преку различни видови на уметност;
  • Подобрување на вештините на 50 млади учесници за адресирање на предрасуди и стереотипи кои што ќе им помогнат во борбата против дискриминацијата;
  • Зголемување на знаењето на 50 млади учесници за културата на Ромите од различните европски држави;
  • Учеснините да им ја покажат реалноста на локалното население од Решица за Моцијар;
  • Да се зголеми знаењето на 50 млади учесници за користење на визуелните уметности во борбата против предрасудите и стереотипите.
Categories
Новости

РРОМА учествуваше на 6-тиот балкански младински социјалдемократски камп

Во периодот од 20 до 24 Јуни, РРОМА како полноправна членка на НМСМ преку свој претставник учествуваше на шестиот балканскииот младински социјалдемократски камп кој се оддржа во Драч, Албанија на тема „Социјалдемократските Перспективи: Младите социјалдемократи во југоисточна Европа“.

Во рамките на овој камп учество зедоа 60 претставници од подмладоците на социјалдемократските партии, како и претставници од граѓанскиот сектор на Балканот. Организацијата на овој камп беше реализирана од страна на Friedrich Ebert Foundation. На самиот почеток од кампот учесниците ги претставуваа државите од кои доаѓаат при што дискутираа за перспективите на своите земји. Потоа следуваа предавања за социјалдемократијата каде учесниците разменуваа искуства од своите држави поврзани со начинот на имплементација на социјалдемократските вредности во општеството и во политиката.

Една од главните теми за кои се дискутираше беше инволвираноста на младите социјалдемократи во функционирањето на општините во кои живеат. Потоа се разгледуваа програмите кои ЕУ ги нуди за младите со посебен акцент кон РИКО – Регионална канцеларија за младинска соработка. Western Balkans and EU integration process е една од неколкуте теми кои кај учесниците на овој летен камп предизивика голема заинтересираност поради фактот на моменталната политичка ситуација и поставеноста на ЕУ апсирациите на државите од Западен балкан.

Македонија како земја аспирант за влез во НАТО и ЕУ, како и поради последните случувања во делот на грчко – македонските односи беше една од поважните теми за дискусии. Младите едногласни дека Македонија после низа случувања и политички превирања заслужува да се најде во НАТО и ЕУ членството.

Младинската невработеност разви плодна дискусија со што учесниците имаа можност меѓусебно да споделат искуства со што генералниот заклучок беше дека сепак во земјите од Западен балкан преовладува голема невработеност. Покрај активностите предвидени во агендата, младите социјалдемократи од југоисточна Европа во своето слободно време разменуваа искуства од своите ангажмани во своите држави, споделуваа различни размислувања и аргументи со што докажаа дека сепак како млади социјалдемократи, покрај политичките билатерални проблеми на нивните држави истите имаат многу повеќе заеднички работи кои ги сплотуваат.

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена COLOURS

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Colours”, која што ќе се оддржи од 30 август до 8 септември 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е да ги скрши стереотипите и предрасудите пред се спрема LGBTQI+ заедниците во Европа, промовирајќи култура на меѓусебно прифаќање и инклузија на различностите.

32 млади од 8 европски држави (Македонија, Романија, Унгарија, Полска, Грција, Шпанија, Белгија и Франција) ќе имаат можност да се дружат и учат за тоа што претставува сексуален идентитет, пол, припадност, како и што значи тоа хомофобија, трансфобија и како можат да се адресираат истите преку рамката за човекови права. Сите активности во рамките на проектот вклучуваат алатки од областа на неформалното образование.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери итн.
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 август 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “ROSA – Roma Storytelling Adventure” која што ќе се оддржи од 25 јули до 5 август 2018 во Солун, Грција. Учесниците ќе престојуваат во Хотелот http://www.philippion.gr/.

Целта на младинската размена е учесниците да се запознаат со концептите на идентитет, човекови права, правата на малцинствата, а во исто време да ја запознаат Ромската заедница и култура и да ги кршат постоечките стереотипи.

Учесниците ќе имаат единствена можност да учествуваат во работилници за дигитално раскажување на приказна – театар, пишување на сценарио – режија, видео продукција и едитирање се со цел да се промовираат човековите права и правата на малцинствата.

Исто така, на крајот од младинската размена ќе ги прикажуваат своите кратки филмови на локалната заедница во Солун.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На проектот учествуваат 42 млади од 6 европски држави (Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Шпанија), кои што ќе престојуваат и работат во Солун од 25 јули до 6 август 2018 година (6 август е ден за заминување на учесниците).

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 9 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Конкурси Новости

ПОВИК ЗА ВТОРАТА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ “TERNE THAJ BUKJARNE – YOUNG AND HARDWORKING”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за втората младинска размена „Terne thaj bukjarne – Young and hardworking”, која што ќе се оддржи  од 13 до 21 јули 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Темите кои што се опфаќаат се: младинското вработување и кариерното советување на младите, како важни фактори  за осамостојување и зајакнување на младите. Кариерното насочување и изборот на образование е важен дел од животот на младиот човек. Токму за таа цел младинската размена им помога на младите Роми и не-Роми полесно да се вклучат во општеството и бидат активни граѓани. Но, исто така да научат како се гради кариера и како да се справат со процесите на барање на работа и вработување.

На оваа младинска размена, учесниците ќе имаат можност да се дружат со млади од Македонија, Германија, Романија, Франција, Турција, Унгарија, Италија и Бугарија. И да дознаат како да направат свое CV, да напишат мотивационо писмо, како да се однесуваат при интервјуирањето за работа итн.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и Не-Роми од 22 до 30 години (можни се исклучоци за оние кои што се над 18 години)
  • младински работници, волонтери, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 6 јули 2018 година (петок), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!

Categories
Новости

Заврши младинската размена “RoMANY – Remembrance, Action, Youth!”

Од 9 до 15 јуни 2018 година во хотел Кратис, Кратово се оддржа младинската размена „ROMANY – Remembrance, Action, Youth!“. На размената учествуваа 21 млади од Македонија, Литванија, Романија и Германија кои што на креативен начин дознаа за културата на Ромите и случувањата за време на Втората светска војна.

Младинската размена беше поддржана од Еразмус плус програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Преку употребата на методи од сферата на неформалното образование, учесниците има можност да дознаат информации за Ромскиот геноцид, културата и идентитетот на Ромите. Исто така, учесниците го посетија музејот на Еврејскиот холокауст во Скопје.

Како резултат на добиените информации, учесниците креираа свои продукти во вид на поезија (https://goo.gl/5mXeFG), импро-театар и презентации.

                                         

Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Active citizen & volunteer”, која што ќе се оддржи  од 24 јули до 3 август 2018 во младинскиот камп Марабу (https://www.facebook.com/MarabuMilcoveni/) во Милковени, Романија.

Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на активен граѓанин и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат на локално ниво.

Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 16 јули 2018 година (понеделник), 18:00 часот!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!