Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена ,,Kickin’ it out” која што ќе се одржи од 8 до 15 октомври 2022 година (7ми и 16ти октомври се денови за патување) во Бребу, Романија.
Младинската размена има за цел да развие толеранција и да ја оспори дискриминацијата во локалните заедници каде што живеат Ромите, користејќи го спортот како алатка.
Целите на проектот се:
- Да се промовира иновативен пристап во однос на инклузијата и толеранцијата преку спортот меѓу 40-те учесници, за време на размената
- Да се подигне свеста за исклучување и нетолеранција, меѓу 40-те учесници, за време на размената
- Да се зголеми знаењето за спортот како начин на изразување и инклузија на 40-те млади Роми и не-Роми учесници во размената.
Главните методи кои ќе се користат ќе се засноваат на активности за неформално образование како што се: лов на богатство, презентации (усни, power point), студиски посети, светско кафе, форум театар, жива библиотека, раскажување приказни, игра на улоги, дискусии, јавен настан, сите овие методи имаат за цел да ги исполнат предложените цели.
Преку овој проект сакаме да ги покриеме следните потреби на младите:
– да се најде начин за промовирање на толеранцијата меѓу младите Роми и не-Роми
– да се зголеми нивото на доверба на младите во сопствените сили
– Намалување на предрасудите на младите и вреднување на различностите, талентот и знаењето
– подобрување на спортските вештини кај младите од обесправените средини.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 26 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Mотивирани да се вклучат во преобликувањето на стратегијата за младинско ангажирање на нивните
организации - Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници.
Трошоци поврзани со семинарот и предвидените активности се покриени од страна на организаторите:
- Патни трошоци од закажаното место на поаѓање до местото на пристигнување и од местото на пристигнување до местото на поаѓање
- Сместување
- Храна
- Предвидени активности за време на младинската размена
Изберените учесници НЕ плаќаат партиципација за учество на проектот.
Обврска на учесниците:
- Валиден пасош
- Сертификат за Ковид 19 Вакцинација
- Патничко осигурување
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на поаѓање.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 17 септември 2022 година, најдоцна до 18:00 часот!