Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:
К О Н К У Р С
за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Северна Македонија
Краен рок за поднесување на апликации:
6 септември 2019 година, 23:59 часот локално време
Концепт
Изборот за „најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција. Покрај тоа, преку критериумите за избор, градоначалниците ќе треба да ја нагласат филозофијата на проектот, односно да го докажат зајакнувањето, мобилизацијата и еднаквиот дијалог помеѓу локалните власти и Ромските заедници, кои што се случиле во текот на 2018 година до септември 2019 година.
Награда
Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од специјален настан во Брисел кој што ќе се оддржи во октомври 2019, каде што ќе се сретнат со високи претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR).
Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Критериуми за учество
На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Северна Македонија. За учество е потребно:
– да ја потполните апликацијата (апликација за избор)
– да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата
– да имате оцена, евалуација или фидбек од страна на Ромската заедница кој што се однесува на вашата работа во вашата општина
*по завршување на рокот за аплицирање, организаторите и претставниците на комисијата за избор го задржуваат правото да ги посетат градоначалниците.
Рок за аплицирање
Краениот рок за испраќање на апликациите и документите за поткрепа е 06 септември 2019 година до 23:59 часот, локално време. Документите можат да се испраќаат по пошта на:
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Тошо Куковски бб
П.фах 32
1360 Кратово
или на е-маил: info@rromassn.org со дознака „MRFM 2019“
Објавување на резултатите
Независната комисија за избор ќе ги соопшти резултатите за избор кон средината на септември 2019.
За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.
Проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Проектот е финансиран од Европската Унија