РРОМА беше дел од Генералното собрание на ERGO Network 2026

Facebook
Twitter
LinkedIn

РРОМА беше дел од Генералното собрание на ERGO Network 2026, кое се одржа од 1 до 4 јуни во Солун, Грција.

На овој значаен настан се собраа членките на ERGO Network од повеќе европски земји со цел размена на искуства, зајакнување на партнерствата и планирање на заедничките активности за следниот период.

Во текот на Генералното собрание се дискутираше за тековните предизвици и можности за ромските заедници во Европа, беа презентирани успешни проекти и добри практики, како и напорите на ERGO во областа на застапувањето и комуникацијата. Дел од агендата беа и изборите за нови членови на Управниот одбор, усвојувањето на стратешки документи и планирањето на заедничките активности за спроведување на двегодишниот оперативен план на мрежата.

Особено значајни беа експертските презентации посветени на влијанието на расизмот врз менталното здравје на Ромите и улогата на ромските експерти во јавниот дискурс.

РРОМА останува посветена на активното учество во европските процеси и иницијативи кои придонесуваат за унапредување на правата, еднаквоста и инклузијата на Ромите.