Можност за EVS во Унгарија

Партнер-организацијата Co-Efficient (Együttható Egyesület) од Будимпешта (Унгарија) бара волонтери за проектот “Piece of my heart”. Селектираните волонтери ќе започнат со волонтирањето од август 2019 година. Фазата на волонтирање ќе се спроведува од август 2019 до јули 2020 година. Волонтерите во текот на нивната волонтерска служба во Унгарија ќе и помогнат на организацијата со активности и младинска работа во младинскиот центар кој што се наоѓа во градот Ѓонѓош на 80 км од Будимпешта.

Што е Ѓонѓош?

Ѓонѓош е град во северо-источниот дел на Унгарија, поточно 80 км од Будимпешта. Вкупната популација во градот е 30.000 жители. Младинскиот центар се наоѓа во центарот на градот, каде што организацијата организира активности со младите луѓе по завршувањето на нивната настава. Прочитајте повеќе за целиот проект во пакетот со информации.

Целите на проектот се:

  • развивање на социјалните, комуникациските и јазичните вештини на младите кои што доаѓаат во центарот, како и на волонтерите;
  • креирање на разнолика програмата за младите од страна на млади;
  • подигнување на учеството во активностите кои што се организираат после школо;
  • подобрување на социјалната одговорност на волонтерите и чувството на солидарност преку вклучувањето во младинска работа и активности со млади кои што доаѓаат од маргинализирани заедници.

Волонтерите ќе имаат можност да ги развијат своите вештини во областите на образование и младинска работа, важни на пазарот на трудот:

  • Дипломатија и конфликт-менаџмент – работата со млади и деца најчесто ги развива вештините за решавање на конфликт
  • Организациски вештини – волонтерите ќе имаат можност да водат и организираат свои лични проекти со младите или локалната заедница
  • Адаптабилност и интеркултурно знаење – волонтерите ќе имаат можност да соработуваат со професионалци и вработени на центарот, и ќе научат да се адаптираат на различните култури и комуникациски вештини.

Задачи и активности на волонтерите:

  • Обука при пристигнување и пред започнување на волонтерството;
  • Обуки со други волонтери во Унгарија организирани од страна на националната Е+ агенција на Унгарија;
  • Неделни активности со други организации од Ѓонѓош;
  • Туторство на деца;
  • Организирање на интеркултурни настани во Ѓонѓош;
  • Организирање на личен проект/работилници од страна на волонтерите кои што се базираат на нивниот личен интерес потпомогнати од страна на ментор кој што е искусен во областа на не-формалното образование;
  • Учење на унгарски јазик;
  • Неделни евалуациони сесии и пишување на електронски дневник за развој;
  • менторство за поддршка на волонтерите*

* Останатите информации за тоа како изгледа работата со децата после школо и распоредот на волонтерите, можат да се најдат во пакетот со информации.

Се нуди:

  • Месечен додаток за храна;
  • Сместување: Волонтерите ќе бидат сместени во изнајмена куќа, која што е опремена и декорирана, сите трошоци вклучувајќи го и интернетот се покриени;
  • Патувањето до Унгарија и назад е покриено од страна на Еразмус плус и правилата на програмата (180 еур по лице за повратен билет);
  • Џепарлак;
  • Здравствено осигурување (Cigna Health);
  • Јазичен курс по унгарски јазик;
  • Менторство во текот на целиот период на проектот;
  • YouthPass сертификат.

Повеќе информации може да најдете на следниот инфо пакет.

Профил на учесниците:

  • На возраст помеѓу 18 и 30 години;
  • Ентузијасти со желба да научат повеќе за инклузија, младинска работа и волонтерство;
  • Имаат минимално знаење за не-формалното образование;
  • Имаат минимум знаење на англиски јазик;
  • Можност да работат во тим.

Како да аплицирате?

Ако сте заинтересирани, ќе ве замолиме да пишете на организацијата на: evs@egyutthato.eu или да се јавите на +36-1-797-2659.

Контакт:

Ако ви требаат повеќе информации за организацијата можете да ги посетите на:

  • https://www.facebook.com/EgyuttHato/
  • http://www.instagram.com/egyutthato/
  • http://www.egyutthato.eu/

Или да пишете на РРОМА на: info@rromassn.org

Ви благодариме на вашиот интерес!