Повторен повик за ангажирање на експерт во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“

Повторен повик – бидејќи немаше пријавени на првиот повик!

Повик 02/18

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација во рамките на проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ објавува повик за ангажирање на експерт за спроведување обука за работа и употреба на прирачникот за работа на терен со лица без документација.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ има за цел да работи на еднаков пристап на лицата без документи до јавните добра и услуги пружени од државата преку воспоставување на механизам и алатки за застапување на законски измени за решавање на нивниот статус.

Во рамките на оваа активност се предвидува одржување на обука на 30 лица кои работат на терен, со цел да ги зголемат своите вештини и знаење за идентификување, процесирање и затворање на случаевите и практично користење на прирачникот.

Од експертот се очекува:

  • Подготовка на методологија за обука
  • Испорака на обука
  • изработка на извештај за спроведената обука
  • помош при дисеминацијата на прирачникот за работа на терен со лица без документација

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 4 работни дена во рамките на оваа активност. Максимумот на понуда по еден работен ден изнесува 80 евра.

РРОМА прифаќа апликации кои што во целост ги следат дадените инструкции на линкот подолу:

Инструкции за аплицирање

Лицата кои што ќе ја поминаат првичната селекција ќе бидат поканети на интервју. Нивниот ангажман ќе започне веднаш по потпишувањето на договорот за извршување на горенаведените задачи.

Краениот рок за аплицирање е 19 ноември 2018 година до 17.00 часот со испраќање на потребната документација на емаил адресата: info@rromassn.org со предмет: Повик 02/18. Апликациите кои што ќе пристигнат после предвидениот рок нема да се земат во предвид.

Проектот „Од Фантоми до Активни граѓани“ е поддржан во рамките на повикот за суб-грантирање на граѓански организации Бр. 0818-6.1 објавен од здружението Иницијатива за социјална промена – ИнСоК –Скопје во соработка со Ромскиот едукативен центар “Амбрела”, Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина“ – Гостивар и Здружението за заштита на правата на Ромите – Штип, во рамки на проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ- НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK