Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Разговараме за волонтерска работа”, која што ќе се оддржи од 26 август до 6 септември 2019 во Решица, Романија.
Целта на младинската размена е на учесниците да им овозможи да го разберат концептот на волонтирање, активно граѓанство и да учествуваат активно во процесите на носење одлуки кои ги засегаат младите на локално ниво.
Учесниците од Македонија, Романија, Унгарија, Бугарија, Грција, Турција и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство и волонтерство и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да научат за оксфорд дебата, форум театар, играње улоги, и да ги подобрат своите презентациски вештини.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 16 до 24 години (можни се исклучоци)
- средношколци, младински работници, волонтери
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 01 август 2019 година (четврток), до крајот на денот (23:59)!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!