Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници за младинската размена European History and Remembrance – Remembering the Roma Genocide during WWII! која што се оддржува од 23 до 30 ноември 2019 година во Берлин, Германија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската Унија.
Оваа интернационална младинска размена има за цел да ја подигне свеста и познавањето на младите учесници од 6 европски земји (Германија, Македонија, Романија, Литванија, Бугарија и Србија) за ужасите на Втората светска војна, како и Ромскиот геноцид, односно влијанието врз младата популација на Европа и Балканот.
36 учесници на младинската размена ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење во областа на борбата против антициганизамот и сеќавање на Ромскиот геноцид преку работа во група и посета на спомениците на жртвите од Втората светска војна.
Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
- лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 02 октомври 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!