Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”

РРОМА објавува повик за младинската размена “Rural traditions, learning opportunities 2018”, која што се оддржува од 11 до 22 мај 2018 во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија.

Идејата за проектот започна со адресирање на пасивниот однос на младите кон руралните средини и локалните традиции кои што се пред изумирање. Целта на проектот е да се ангажираат младите како активни граѓани во истражувањето, валоризацијата и промоцијата на локалните традиции, кои што многумина ги сметат за застарени и неинтересни.

Нашиот проект има дава простор на 40 млади учесници од 4 европски земји преку размената на културите да станат мотивирани и свесни за својата граѓанска одговорност за зачувување и промовирање на локалните традиции. Исто така, проектот дава можност младите да бидат вклучени во континуиран дијалог помеѓу различните генерации и афирмацијата на загрозените заедници на европскиот простор во туристичкиот, економски и културен развој.

Младинската размена се оддржува од 11 до 22 мај 2018 година, во младинскиот камп Марабу во Милковени, Романија. Истата е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот можат да се пријават:

  • млади од 16 до 25 години
  • младински работници, волонтери, уметници…
  • работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
  • дел од размената е креирањето на перформанс/театар за локалното население
  • посета на урбани и рурални средини и разговори со младите од тие места

Трошоците поврзани со младинската размена се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 4 мај 2018 година, 18:00 часот!