Повик за младинската размена “The World of Roma” – Мурска Собота, Словенија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “The World of Roma” која што се оддржува во Мурска Собота од 08 до 16 ноември 2019 година.

На младинската размена ќе учествуваат 36 млади Роми и не-Роми од 6 европски држави (Словенија, Унгарија, Словачка, Македонија, Италија и Романија). Учесниците ќе ги истражуваат можностите на младите Роми, и пред сè, активностите на припадниците на Ромската заедница во областите на историјата, образованието, толеранцијата, културата, традициите, кујната и ракотворби. Младите учесници ќе  имаат можност да ги споделат своите приказни и искуства за Ромската заедница, фокусирајќи се на примери на добри практики од секоја земја-учесник и посета на најголемата ромска населба во Словенија – Пушча.

Младинската размена има за цел да ја доближи Ромската култура до учесниците, ставајќи акцент  на зачуваните карактеристики на заедницата како што се јазикот, музиката итн. Но, исто така од другата страна се бори против стереотипите и дискриминацијата насочени кон оваа заедница, овозможувајќи им на учесниците да научат повеќе за Ромската култура, традиција, јазик и историја.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 30години (можни се исклучоци)
  • средношколци/ки, младински работници/чки, волонтери/ки, лидери/ки
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 09 октомври 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!