Categories
Конкурси Новости

Повик за младинската размена “Tolerance brings Harmony” – Романија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за младинската размена “Tolerance brings Harmony”, која што ќе се оддржи  од 07 до 18 септември 2019 во Решица, Романија.

Целта на младинската размена е  да ги мотивира и вклучи младите учесници во активности кои што промовираат почитување на човековите права, толеранција и хармонија, како и приближување на концептот на волонтирање и активно граѓанство во адресирањето на дискриминацијата како феномен на исклучување на различните млади луѓе во нашите општества.

54 Учесници од Македонија, Романија, Грција, Германија, Чешка и Италија ќе учат заеднички во интеркултурна средина за концептите на активно граѓанство, застапување, човекови права и волонтерство, и ќе имаат можност низ активности од сферата на неформалното образование да ги зајакнат своите вештини. А, преку театар, музика, и игра да ги претставаат резултатите од оваа размена.

Младинската размена е поддржана од Еразмус плус програмата на Европската комисија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 16 до 22 години (можни се исклучоци)
  • средношколци, младински работници, волонтери
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 19 август 2019 година (понеделник), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!