Повик за обуката во рамките на проектот “Mingle and exploring Human Rights in Europe”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници во рамките на проектот “Mingle and Exploring Human Rights in Europe!”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус плус и националната агенција на Германија. Обуката се оддржува во Кратово од 07 до 14 декември 2019 година.

Проектот има за цел да ги ангажира младите лидери/ки, особено маргинализираната младина во промоција на вредностите на човековите права, истовремено преку употребата на неформалното образование да ги обучува истите да ги промовираат помеѓу нивните врсници работејќи на вредностите на демократијата, човековите права, правото на пристап до бесплатни јавни информации, правото на глас и слобода на избор, правото да поставуваат прашања во нивните општини и да го кренат гласот за нивните права како граѓани. Целта е учесниците на проектот да станат активни граѓани кои делуваат самостојно и соодветно реагираат во решавањето на своите проблеми пред надлежните институции, придонесувајќи за почитување на демократските вредности на едно општество, транспарентноста и владеењето на правото. Проектот е за креативно на младите. Овој проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на младите Европејци за темите на човекови права, демократија и дискриминација, со акцент на антициганизмот, туку ќе ги направи свесни за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и Европа во целост.

Проектот опфаќа повеќе активности, меѓу кои:

  • Обука за младински работници – Кратово (Македонија) – декември 2019
  • 2 Младински размени (Берлин, Германија и Решица, Романија) – мај 2020 и јули 2020

Учесниците на обуката, ќе имаат можност своите лидерски вештини да ги тестираат и употребат за време на една од младинските размени кои што ќе се оддржуваат во Германија и Романија.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми над 18 години
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки кои што сакат да работат на темата на човекови права
  • Работен јазик е англискиот јазик

Трошоците поврзани со обуката и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 20 ноември 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!