Categories
Конкурси Новости

Повик за семинар во Хајделберг, Германија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учество на семинарот за млади едукатори кои што работат на темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна.

Семинарот за млади едукатори се оддржува во рамките на проектот Realms of Death – Remembrance about the Porajmos in Eastern Europe (REDE), кој што е поддржан од програмата Europe for Citizens од Европската Унија. Проектот се стреми да ја подигне свеста за геноцидот врз Ромите, фокусирајќи се на историјата во различните делови од Европа и ужасните настани како на пр. во Унгарија и Транснистрија. Семинарот им дава можност на учесниците да се сретнат и разговараат со преживеаните од првата и втората генерација, и да ја посетат изложбата во Документарниот и Културен центар на германските Синти и Роми во Хајделберг. Но, исто така им овозможува надоградување на нивните капацитети во водењето на едукативни работилници, сесии и семинари на темите поврзани со Ромскиот геноцид со употребата на алатки од сферата на неформалното образование.

 

                 

Семинарот се оддржува од 23 до 27 април 2018 година во Хајделберг, Германија. Трошоците за патување, сместување и храна се покриени од страна на организаторите. Работен јазик на состанокот е англискиот јазик!

На повикот може да се пријават млади едукатори Роми и не-Роми, истражувачи, студенти, наставници инволвирани во темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, потполнувајќи ја апликацијата на линкот до 24.03.2018 година, 18.00 часот!