Categories
Конкурси Новости

Повик за учесници на младинската размена “Mingle and Exploring Human Rights in Europe!” во Берлин

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово објавува повик за учесници на младинската размена организирана во рамките на проектот “Mingle and Exploring Human Rights in Europe!”. Проектот е поддржан од програмата Еразмус плус и националната агенција на Германија. Младинската размена ќе се оддржи во Берлин од 04 до 11 мај 2020 година.

Младинската размена има за цел да ги ангажира младите лидери/ки, особено маргинализираната младина во промоција на вредностите на човековите права, истовремено преку употребата на неформалното образование да ги обучи да ги промовираат истите помеѓу нивните врсници. Размената се фокусира на креативноста кај младите учесници. Така што, учесниците ќе имаат можност да работат во група за театар и креирање на стрипови. Проект не само што ќе го зголеми знаењето и чувствителноста на учесниците за темите на човекови права, демократија и дискриминација, со акцент на антициганизмот, туку ќе ги направи свесни за нивната улога и одговорност во рамките на нивните заедници, општеството и Европа во целост.

На повикот може да се пријават:

  • Млади Роми и не-Роми од 18 до 25 години (можни се исклучоци)
  • лидер/ки, младински работници/чки, волонтери/ки …
  • Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници

Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.

Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 31 март 2020 година (вторник), до крајот на денот (23:59)!

Ве очекуваме!

Ви благодариме за покажаниот интерес!