Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници на младинската размена која што е дел од проектот “Здравиот начин на живеење во Ромското секојдневие” во соработка со DPMR (Drustvo za podporo mladim Romom) од Марибор, Словенија. Проектот е поддржан од Еразмус плус програмата.
Проектот се состои од две младински размени (во Македонија и Словенија), на кои што 24 млади Роми и не-Роми од Македонија и Словенија ќе имаат можност да разменуваат свои искуства и знаења, како и да добијат информации поврзани со секојдневието на младите Роми во двете држави, со акцент за можностите за водење на здрав живот и развој на психо-физичките способности. Истовремено, преку младинските размени да ги акцентираат следните нешта:
- предизвиците на градење пријателства помеѓу различните етникуми кои што живеат во едно општество;
- предизвиците на социјално исклучување на младите Роми, кои најчесто се базираат на културните разлики, економските и образовните бариери;
- развојот на Ромските младински организации во Словенија и Македонија;
- младинската работа и соработка со акцент на интеркултурата помеѓу младите Роми и останатите млади на мнозинските заедници;
- подигањето на компетенциите на младите преку не-формално образование;
- предизвиците на соочување со табу-темите помеѓу младите (Роми).
Првата младинска размена се оддржува од 21 до 30 август 2019 година во хотел Илинден во Струмица (http://hotelilinden.com.mk).
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 29 години (можни се исклучоци)
- младински работници, волонтери, лидери/ки …
- Основно познавање на англиски јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 01 август 2019 година (четврток), до крајот на денот (23:59)!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!