Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација објавува повик за учесници за младинската размена која што се организира во рамките на проектот “Европско сеќавање и солидарност-Нашето право на сеќавање!” поддржан од програмата Europe for Citizens на Европската Унија. Младинската размена се оддржува од 31.08 до 05.09 во Кратово (Хотел Кратис).
Учесниците на младинската размена ќе имаат можност да го надоградуваат своето знаење во областа на борбата против антициганизамот и сеќавање на Ромскиот геноцид преку работа со едукативни материјали од документациониот и културен центар на германските Синти и Роми, како и посета на Меморијалниот центар на Евреите посветен на жртвите од Втората светска војна.
Младинската размена е поддржана од Europe for Citizens програмата на Европската комисија.
На повикот може да се пријават:
- Млади Роми и не-Роми од 18 до 30години (можни се исклучоци)
- средношколци/ки, младински работници/чки, волонтери/ки, лидери/ки
- Работен јазик е англискиот јазик, но со можност за меѓусебна поддршка од страна на останатите учесници
Трошоците поврзани со младинската размена и предвидените активности се покриени од страна на организаторите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават потполнувајќи ја апликацијата најдоцна до 28 август 2019 година (среда), до крајот на денот (23:59)!
Ве очекуваме!
Ви благодариме за покажаниот интерес!