Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Кратово, во соработка со ternYpe објавува повик за учесници на проектот за сеќавање на Ромскиот холокауст. Овогодишниот проект опфаќа 3 фази:
- Младинска размена “Romany – Remembrance, Action, Youth!” на темата во Кратово од 8-16 јуни 2018, која што служи како подготовка за главниот настан во Краков, Полска;
- Учество на настанот “Dik He Na Bister 2018” за комеморација на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна, кој што ќе се оддржи во Краков, Полска со посети на музејот “Аушвиц”. Истиот се оддржува од 29 јули до 4 август 2018 година;
- Настани организирани од учесниците за понатамошно проследување на добиените информации во период од септември до ноември 2018 година.
Концепт за 2018
Учесниците ќе останат во мешани работни групи од почетокот до крајот на настанот за да се осигура стабилна група која што заедно со своите врсници ќе поминат низ едукативниот процес на настанот потпомогнати од своите фасилитатори.
Подготовки
Младинската размена се оддржува од 8 до 16 јуни 2018 година во хотел Кратис, Кратово. На истата учество ќе земаат 22 млади од 4 европски земји (Македонија, Германија, Романија и Литванија). Размената е поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Еразмус плус програмата.
- Млади на возраст од 18 до 30 години;
- Да имаат желба да научат повеќе за темата на Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна;
- Да работат во мултикултурни групи без предрасуди;
- Да бидат подготвени стекнатото знаење од подготовките и едукативниот настан да го пренесат во своите заедници;
- Да присуствуваат на младинската размена во Кратово организирани од страна на РРОМА;
- Работен јазик на младинската размена и едукативниот настан во Краков е англискиот јазик. Работниот јазик ќе се користи во работните групи и од страна на фасилитаторите. Се очекува учесниците да имаат активно познавање на работниот јазик. Познавањето на Ромскиот јазик ќе се смета за предност.
- Да имаат валиден пасош за патување, со најмалку 6 месеци валидност откако ќе се вратат од Полска!
Трошоци
Трошоците поврзани со подготовките, како и за меѓународното патување, храна и сместување за младинската размена во Кратово и настанот во Полска се покриени од страна на организаторите на настанот. Селектираните учесници задолжително го покриваат своето патничко осигурување и трошоците до договореното место за поаѓање од Македонија до Полска и назад.*
* Се мисли на национални патни трошоци на пр. место за поаѓање Куманово. Учесниците ќе треба да си го покријат патот до Куманово и назад.
Патување до Полска и назад
За патувањето до Полска и назад ќе биде организиран превоз со автобус.
Сместување во Полска
Учесниците ќе бидат сместени во студентскиот дом “Жажек”(Zaczek). Веднаш до него се Универзитетските простории каде што ќе се држат едукативните работилници.
Пријавување
Пријавувањето на повикот за учесници се врши со потполнување на апликацијата за учество, најдоцна до 25 мај 2018 година, 18:00 часот! Апликациите после предвидениот рок нема да се земаат во предвид!
За дополнителни прашања поврзани до настанот за оваа година можете да ни пишете на: info@rromassn.org
Напомена: Со потполнување на апликацијата вие станувате дел од процесот на селекција. Доколку, бидете селектирани се обврзувате задолжително да извадите патничко осигурување. Исто така, доколку бидете селектирани и не учествувате во подготвителните активности, РРОМА го задржува правото вашето место да го понуди на друго лице од резервната листа!
