Categories
Новости

Подготвителна средба во рамките на проектот „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“

Од 3 до 5 ноември 2018 година до хотел Кратис – Кратово, Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација го организираше подготвителниот состанок во рамките на новиот проект „Европско сеќавање и солидарност – Нашето право на сеќавање!“ поддржан од Europe for Citizens програмата на Европската Унија.

Овој проект има за цел да го подигне знаењето и свеста за Ромскиот геноцид за време на Втората светска војна концентрирајќи се на настаните што се случиле на Балканот, на територијата на Унгарија и Транснистрија пред, за време и по Втората светска војна, со цел да се зачува сеќавањето на Ромите – жртви на нацистите.

Фундаменталните европски вредности се изградени врз историското искуство на сеќавање и солидарност и за тоа треба да зборуваме за заборавениот Ромски геноцид, за над 500.000 жртви и продолжувањето на социјалната исклученост, антициганизам и говорот на омраза како последица на незнаењето и недостатокот на информации и признавање на Ромскиот геноцид.

Овој проект гради капацитети на едукатори, граѓани и граѓански организации за да водат едукативни и граѓански иницијативи за сеќавање и едукација на локално, национално и европско ниво. Исто така, ги открива слабо истражуваните области на Холокаустот над Ромите на пошироката јавност, стимулира дебати за нашата култура на сеќавање за и со Ромските заедница, со фокус на улогата на младите луѓе сега и во иднина за зачувување на нашето европско сеќавање.