Categories
Конкурси

Барање за прибирање на понуди за угостителски услуги за одржување на настан

Почитувани,

Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1.  Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.

1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за угостителски услуги за одржување на настан (конференција)

1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

  1. Понуда
  • Понуда за одржување на настан (конференција) за 27 и 28 јануари 2022 година за 20 учесници
  • Ручек и вечера за 20 учесници на 27.01.2022 и ручек за 20 учесници на 28.01.2022
  • Настанот ќе започне со ручек на 27.01.2022 и ќе заврши на 28.01.2022 по ручекот. За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
  • Понудата треба да содржи цена и еден безалкохолен пијалок за секој еден учесник за секој оброк. Локацијата на понудувачот треба да е во близина на Скопје. Понудената цена треба да е во денари.
  1. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

  1. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса  daniela@rromassn.org  најдоцна до 30.12.2021 година до 16 часот.

Проектот „Romani Women – POWER OF CHANGE in the Western Balkans and Turkey“ е поддржан од Европската Унија во рамките на повикот (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.

Проектот е финансиран од Европската Унија