Почитувани,
Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги: Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово со седиште во Кратово ул. Тошо Куковски бб.
1.2. Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за 20 таблети
1.З. Здружение Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) – Кратово го спроведува проектот “DIGITALIZE – tools for Roma adults to use internet and promote education” со финансиска поддршка на EC, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.
1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
- Понуда
- Големина на екран поголема од 8 инчи
- Мемориски капацитет поголем или еднаков на 16GB
- Оперативен систем со подржан Google Play
- РАМ меморија со најмалку 2GB
- Можност за внес на SIM картичка
- Можност за поврзување со: Wi-Fi 802.11 b/g/n, WIFI 2.4Ghz
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
- Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса info@rromassn.org најдоцна до 04.03.2022 година до 16 часот. За дополнителни прашања ќе ве замолиме да не контактирате на 075/ 648-522.