Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет – Пакет со алатки за работа со млади луѓе

Со приближно 12 милиони луѓе кои со векови живеат во Европа, Ромите го сочинуваат најголемото етничко малцинство на континентот. Во исто време, тие се најмалку посакуваното и најмногу дискриминирано малцинство, при што секое трето лице не сака да има сосед Ром, а 80 % од Ромите живеат во ризик од сиромаштија.

Антициганизам – специфична форма на расизам против луѓето кои се перцепирани како
„Цигани“ во колективната свест, ја претставува сржта на социјалната исклученост и
дискриминација на Ромите.


PECAO (Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет) се бори против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет преку работа со млади луѓе, користејќи комбинација на врсничка едукација и мониторинг за да се добијат двојни резултати: методологијата за врсничка едукација ќе постигне директна промена во ставовите и дејствијата на голем број млади луѓе, а мониторингот ќе придонесе за подобро разбирање и подлабока системска промена на политиките преку залагање врз основа на резултатите.

Пакетот со алатки може да го пронајдете на следниот линк:


Со користење на пакетот со алатки создаден од конзорциумот и преведен на достапните јазици на партнерите, споделуваме некои од методологиите за да помогнеме во разбирањето на феноменот поврзан со говорот на омраза на интернет и неговото влијание врз Ромите, како и важноста да се следи и да се пријави таквиот говор на интернет.

Понатаму, оние кои се заинтересирани за темата можат да се вклучат во залагањето и да придонесат за подобри политики против дискриминација преку адресирање на антициганизмот како мотивација поради предрасуди, како и подигнување на свеста кај различните засегнати страни за говорот на омраза кон антициганизмот во интернет-медиумите.

Проектниот конзорциум на PECAO се состои од следниве партнери и финансиери: Финансирани од Програмата за права, еднаквост и граѓанство на Европската унија (2014-2020) со кофинансирање од Google.org: Integro Association (Бугарија), Nevo Parudimos (Романија) ,Federation of Catalan Roma Associations (FAGIC), Шпанија, Romaversitas (Унгарија), Romanonet (Чешка Република), ERGO Network (Белгија)

Финансирани од „Google.Org Impact Challenge on Safety“ во рамките на проектот на ЕРГО мрежата – Врсничка едукација за борба против говорот на омраза кон антициганизмот на интернет: La Voix des Rroms (Франција), Upre Roma (Италија), Roma Women Fund Chiricli (Украина), RROMA (Северна Македонија), Roma Active Albania (Албанија).