Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши меѓународниот тренинг „When Scars Become Art“ во Романија

Со гордост објавуваме дека Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) успешно учествуваше на тренингот за младински работници во рамки на проектот „When Scars Become Art“, кој се одржа од 13 до 20 јуни 2025 година во Бребу, Романија.

Проектот имаше за цел да:

  • ги оспособи 30 младински работници од партнерските земји за работа на теми поврзани со инклузија;
  • ги подобри нивните вештини во користење на иновативни алатки и активности при работа со млади во неповолна положба;
  • го збогати знаењето за различни механизми поврзани со расизам, антициганизам, ксенофобија, дискриминација и нивната поврзаност со менталното здравје и благосостојбата.

Нашето учество претставува значаен чекор кон унапредување на младинската работа, промовирање на еднаквоста и поддршка на младите во заедницата.
РРОМА ќе продолжи активно да придонесува кон создавање инклузивно и поддржувачко општество за сите.