Заврши младинската размена ,,Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas”

Од 1ви до 12ти јули во Бребу, Романија се одржа младинската размена во рамки на ,,Organic farming – entrepreneurship opportunity for young people in rural areas поддржана од Ерасмус+.

За време од 10 дена, 40 млади луѓе од 5 држави: Македонија, Шпанија, Бугарија, Турција, и Романија, со приоритет од руралните и периферните урбани средини на живеење, имаа можност да разменат познанства и да учествуваат на многу активности и работилници предвидени во размената.

Тие низ низа на работилници го проширија своето знаење за еколошко земјоделство, и претприемништво во руралните средини преку развивање на иновативни и претприемачки вештини како и развивање на бизнис идеи. Младите учесници исто така ја имаа можноста да разговараат со локалното население и со локалните земјоделци што кај нив поттикна интерес да го практикуваат и промовираат органското земјоделство како чекор кон поактивно граѓанство и поголемото развивање на руралните средини.