Од 26.05.2023 мај до 05.06.2023 јуни во Бребу, Романија беше одржана младинската размена „Prepare for a job, prepare to fulfill your dream! “ на која учествуваше тимот на македонски учесници.
Овој проект за цел имаше да ги подготви младите луѓе да развијат специфични меки вештини и неформални компетенции кои можат да се добијат надвор од формалното образование, како комуникација, одговорност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми, дигитални компетенции, преговарање, разрешување конфликти. Програмата Еразмус+ има за цел да го промовира младинското учество, да го зајакне квалитетот на неформалните и неформалните процеси на учење.
Тимот на македонски учесници се здоби со следните вештини и способности:
- Личен развој кој влијае врз олеснување на пристапот до квалификувани работни места за младите во целната група;
- Развивање на потребните меки вештини за младите во целната група за полесно да се интегрираат во идната работна група;
- Зголемување на самодовербата кај младите во целната група.
Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.