Заврши младинската размена ,,TOGETHER WITH MIGRANTS” која траеше од 31.10.2022 до 08.11.2022 во Бребу, Романија во соработка на Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација од Северна Македонија и Nevo Parudimos од Романија.
Оваа младинска размена имаше за цел да ја подигне свеста на 45 учесници за миграциската криза и феноменот на говор на омраза, кој ја погодува Европа во последните години како и да ги поттикне учесниците да се преземат конкретни активности против говорот на омраза и клеветата на мигрантите, бегалците и барателите на азил.
Во овој проект учествуваа млади луѓе со лични приказни, од различни области и социјални средини. За време на фазите за избор на учесници, се погриживме да има баланс во однос на женскиот и машкиот пол со цел никој да не е дискриминиран врз основа на сексуална ориентација, религија, социјално и/или културно потекло, економски можности итн.
На крајот на проектот секој од учесниците стекна поконкретен увид и подобра реалистична слика од проблемите и процесот кој што мора да биде имплементиран за да се добие статусот на мигрант и барател на азил во Европа. Учесниците научија за тешкиот пат по кој чекорат мигрантите, за различните рути со цел да стигнат до Европа, а потоа и со проблемите кои се соочуваат, дискриминацијата и тегобите со интеграцијата во новите општества особено откако им се одобри статусот на мигранти и добијат документација.
Проектот е поддржан од Ерасмус+ програмата на Европската Унија.