Categories
Uncategorized Конкурси Новости

ЗАВРШИ СЕМИНАРОТ ,,ROMA REMEMBRANCE AND SOLIDARITY”

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација (РРОМА) во периодот од 8ми до 15ти декември учествуваше и беше дел од реализацијата на семинарот Roma Remembrance and Solidarity во Берлин, организиран од страна на Амаро Дром. На 8 дневниот семинар учествуваа повеќе од 30 млади активисти од Германија, Северна Македонија, Унгарија, Србија, Бугарија, Италија и Романија. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската Унија.

Во текот на 8те денови учесниците имаа можност да научат повеќе за човечките права, за дискриминацијата, за државјанство, што е култура и што значи идентитет за една млада личност. Со детална анализа успејаа да ги откријат елементите на пирамидата на омразата, а потоа и да ги откријат и продискутираат за 10те чекори кои водат до геноцид, како да ги препознаат, и што може да се преземе.

Во наредните денови учесницитте на семинарот го посетија споменикот на Ромите и Синтите каде што се одржа мала симболична комеморација, со положување свежо цвеќе, минутен молк а потоа учесниците читаа поезија и проза која што претходно ја имаа подготвено.

Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата.