Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Заврши тренинг курсот „From Uniting Youth to Strong Empowerment“

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација релизираше и одржа успешен тренинг курс како дел од „From Uniting Youth to Strong Empowerment“ проектот. Тренигот се одржа од 15.05 – 23.05.2025 година во Кратово, Северна Македонија, во одлична и пријатна атмосфера.

Целта на проектот беше да се создадат ресурси и поддршка за младинските работници и младите со кои се работеше, со специфичен фокус на справување со антициганизам, малтретирање и човекови права. Се разви проект за помош на младинските работници и младите, особено оние од маргинализираните групи како што се Ромите, во справување со дискриминацијата и социјалната исклученост преку развивање ефективни материјали за обука, планирање и реализација на кампањи и програми за поддршка, .

Цели на проектот беа:

  • Обука и едукација – на почетокот се работеше на разбирање на историскиот и културниот контекст на ромските заедници и нијансите на антициганизмот, како и различните форми на злоупотреба, особено во однос на етничката припадност и идентитетот, што беше клучно за ефективна интервенција.
  • Практични ресурси преку алатки и насоки – се овозможи пристап до практични ресурси кои нудеа стратегии за справување со малтретирање и промовирање на инклузија, со цел да им се даде моќ на младинските работници во нивната секојдневна пракса.
  • Мрежување како клучен фактор за можности за соработка – се воспоставија мрежи со други младински работници и организации, што го олесни споделувањето на добри практики и ресурси.
  • Поддршка од врсници – менторството и можностите за поддршка од врсници помогнаа на младинските работници да се справат со предизвикувачки ситуации и да ги надминат пречките.

Овој проект е поддржан од Еразмус+.