Categories
Uncategorized Конкурси Новости

Започна тренингот „New solutions to old problems”

Започна тренингот во рамки на проектот „Нови решенија за старите проблеми – размена на нов вид пристапи во областа на интеграцијата на Ромите“ финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Тренингот започна на 28ми август и ќе заврши на 1ви септември во Струга, Македонија. На тренингот присуствуваа 11 партнерски организации меѓу кои и: ERGO Network, Autonómia Alapítvány, Asociatia Nevo Parudimos, Otaharin – Centre for Integrative Inclusion of Roma Men and Women, Otaharin Bijeljina, Roma Active Albania, Slovo 21, z.s., RAVS, Udruženje žena “Romkinja”, Асоциация Интегро Integro Association, Sıfır Ayrımcılık Derneği, Viešoji įstaiga Romų visuomenės centras.

Целта на тренингот е да се изградат капацитетите на организациите врз основа на здобиените и меѓусебно имплементираните добри пракси и стратегии на застапување.

Водени од искусните тренери на Ромалитико, присутните претставници до сега имаа можност да ги претстават стратегиите на своите организации и контекстот на полињата на кои оперираат како и внесување на ромскиот идентитет како почетна точка во развивањето идни стратегии.

The project “New solutions to old problems – exchange of new type of approaches in the field of Roma integration” is funded by Iceland, Liechtenstein and Norway through the EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation