Во рамките на проектот „Зајакнување на ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува нов конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“:
за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“ од Република Северна Македонија
Краен рок за поднесување на апликации:
29 февруари 2024 година, 23:59 часот локално време
Концепт
Изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и Ромската заедница, и добрите пракси на дијалог да станат видливи. Целта на изборот е да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на Ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните примери, без обвинувања на останатите. Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог помеѓу локалните власти и Ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромската заедница да биде слушнат! Изборот се организира во земјите на западен Балкан и Турција. Покрај тоа, преку критериумите за избор, градоначалниците ќе треба да ја нагласат филозофијата на конкурсот, односно да го докажат зајакнувањето, мобилизацијата и еднаквиот дијалог помеѓу локалните власти и Ромските заедници.
Награда
Најдобрите градоначалници, победници од земјите-учеснички од западен Балкан и Турција ќе бидат дел од на специјален настан во рамките на „Ромската недела“ од 9-ти до 11-ти април 2024 година, во Брисел каде што ќе се сретнат со високи претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR).
Трошоците се покриени од страна на организаторите на изборот во рамките на проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 поддржан од Европската Унија во рамките на повикот.
Критериуми за учество
На повикот можат да учествуваат сите градоначалници од Република Северна Македонија. За учество е потребно:
– да ја симнете и потполните апликацијата (апликација за избор)
– да доставите исечоци, слики, извештаи, одлуки, документи кои што ги поткрепуваат дадените одговори во апликацијата
– да имате оцена, евалуација или фидбек од страна на Ромската заедница кој што се однесува на вашата работа во вашата општина
Рок за аплицирање
Краениот рок за испраќање на апликациите и документите е 29 февруари 2024 година до 23:59 часот, локално време. Документите можат да се испраќаат по пошта на:
Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација
Гоце Делчев бр.25
П.фах 32
1360 Кратово
или на е-маил: info@rromassn.org со дознака “MRFM 2024”
За прашања околу изборот можете да пишете на е-маилот: info@rromassn.org.
Проектот „Ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758 е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација.
Проектот е финансиран од Европската Унија