Categories
Новости

Младинската размена “Roma Reporters 2017” ги зближи младите од Македонија, Романија и Унгарија

Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација со млади претставници од Македонија учествуваше на младинската размена “Roma Reporters 2017”, која што се оддржа од 4 до 13 август на езерото Балатон поддржана од локалната самоуправа на Будимпешта и Еразмус плус програмата.

Младинската размена спои околу 50-тина млади Роми и не-Роми од Македонија, Романија и Унгарија, кои што заеднички учеа и споделуваа свои обичаи и култури, споредуваа Ромски традиции и обичаи, готвеа традиционални јадења и музика. Исто така, работеа во групи и учеа техники за правење на видеа, интервју, пишување на објави и др.

Roma Reporters 2017
Презентација на работата во група
На голем дел од учесниците младинската размена им беше прво Еразмус плус искуство, па споделуваа свои импресии, како на пример Лилјана од Скопје вели:
Претстави ја својата, запознај ја туѓата култура.
Стекни ново искуство, запознавај нови луѓе, научи повеќе. 
УЧЕСТВУВАЈ. ЕРАЗМУС +
Дел од македонската групата на македонската вечер
Дел од сесиите беа на отворено
Учесниците готвеа вкусни јадења
Многу вкусно 🙂