На 3 септември 2025 година, во просториите на МладиХаб Скопје, се одржа национален експертски панел во рамки на проектот „When Scars Become Arts (WSBA)“, организиран од РРОМА.
Настанот обедини претставници од институции, граѓански организации, експерти и младински активисти кои дискутираа за предизвиците и можностите за инклузија, антидискриминација, ментално здравје и младинско учество.
🔹 Панелот го отвори Урмета Арифовска, заменик директор на РРОМА и национален координатор на проектот, а Дениз Селмани ги презентираше клучните наоди и препораки од националното истражување.
Работата се одвиваше преку World Café сесии, каде учесниците формулираа конкретни предлози и идеи.
Заклучокот на панелот беше јасен – потребна е интегрирана стратегија, политичка волја и активно учество на младите и институциите за вистинска промена.
💬 Проектот When Scars Become Arts продолжува да работи на промоција на толеранција, инклузија и почитување на човековите права преку уметност, младинско учество и дијалог.



