Повикот се однесува за обука која што ќе се фокусира на градење знаење и отпорност кон екстремизам и дискриминација преку развој на позитивно чувство за идентитет, критичко размислување, активно граѓанство и позитивна благосостојба.
Истата се оддржува во Обединетото Кралство од 8 до 15 ноември 2021 година со поддршка на Еразмус плус програмата.
Обуката ќе употреби методологија на неформално учење за личен развој и ќе се фокусира на намалување на факторите на ранливост кои можат да предизвикуваат радикализација (социјална исклученост, ниска самодоверба, криза на идентитет, итн.). Вклучените младински работници ќе бидат опремени со знаење како да го стимулираат личниот развој на младите и да изградат отпорност на екстремизам користејќи активности базирани на неформална методологија.
Трошоците за патување и виза ќе бидат надоместени од страна на организаторите. За обуката нема надоместоци за учество.
Поради ограничувањата на Ковид -19 за влез во Обединетото Кралство, организаторите ќе прифатат само целосно вакцинирани учесници.
За учество заинтересираните учесници треба да ја потполнат и испратат апликацијата на емаилот на организаторите: evsamberinitiatives@gmail.com најдоцна до 30 септември 2021 година.