Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација заедно со коалицијата KHETANE на 5.12.2022 организираа донаторска конференција финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку ЕЕА и Норвешкиот Фонд за Грантови за Регионална соработка како дел од стратешкото партнерство во рамки на ,,New solutions to old problems” како и кофинансиран од проектот ,,Smart Democracy”.

Главната цел на настанот е пристапот оддолу нагоре, како приоритетите на заедницата се инкорпорирани во државните програмери и фондации/донатори, како и размена на информации помеѓу заинтересираните страни или засегнати страни.
На првиот панел беа дискутирани и презентирани тековните програми на институциите во насока на промоција и инклузија на Ромите во Република Северна Македонија.
Во вториот панел, Патот напред: Усогласување на приоритетите и финансирањето на локално и национално ниво за надминување на антициганизмот, вработување на Ромите на локално ниво, вметнување на приоритетите на Ромите како општински приоритети, вклучително и решенија за Ромите во главните планови, мапирање на капацитетите на општината, консултативен пристап до институциите во однос на финансирањето, координација меѓу донаторите, споделување на активности и проекти меѓу невладини организации, вмрежување на ресурсите, сеопфатен проект за трошење средства.
На конференцијата присуствуваа: невладини организации, претставници од општините и градоначалниците, пратеници, претставници од владата, национални и меѓународни
донатори.


